Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља?
Според официјалните податоци, на овој остров загинале вкупно 20-тина лица, но на интернет ќе најдете тврдења дека тука имало и до 160.000 починати.
Овие тврдења често се потврдени со фотографија од камен во земјата на кој стои натписот:
„Не копај, тука се закопани тие што починале од болест“ и датумот е 1793-та година, што се поклопува со приказната за грчките морнари.
Другите легенди се поврзуваат и со тоа што на островот имало психијатриска институција во периодот од 1922 до 1946 година и геријатриска болница од 1947 до 1968 година (која всушност била психијатриска институција каде што се извршувале лоботомии и експерименти).
Посебен интерес кај оние што го посетиле островот привлекуваат чудните машини и психијатрискиот дел од болницата, кој според официјалните податоци се всушност стар систем за сушење чаршафи и друга опрема која била неопходна за функционирање на болницата.
Според некои легенди, во менталната институција на островот се изведувале тешки експерименти врз деца и други пациенти, па еден од докторите дури и се самоубил скокајќи од камбанаријата на црквата што сѐ уште е видлива на островот.
Наводно, докторот бил прогонуван од духовите на луѓето чијшто живот го одзел.
Но, уште еднаш, во официјалните податоци нема вакви информации и, во голема мера, легендите остануваат само приказни кои се шират на интернет – како теорија на заговор.
Се верува дека приказните за островот масовно почнале да се шират откако била објавена емисијата Ghost Adventure, во 2009-та година, која била снимена ноќе, а во која учествувало лице кое зборува со мртвите и во еден миг станало опседнато од духовите.
По ова биле снимени голем број документарни филмови и така, преубавиот остров во Венеција станал „најопседнатото место во светот“.
Денес на островот е забранета посетата за туристи, а тој бил ставен на аукција во 2014-та година и продаден, во надеж дека новиот сопственик ќе го рехабилитира и ќе го отвори за посетители, но засега ништо не е изградено, ниту пак е реставрирано на него.
Б. С. Б. | Црнобело