Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион?
Облечете се во слоеви
Воздухот во авионот е постуден, па затоа добро е да се облечете во слоеви што лесно ќе можете да ги соблечете ако ви е премногу топло.
Комплицирани аутфити
Не е препорачливо да носите комбинезони или пантолони со трегери. Најмалку што сакате е да се најдете во тоалетот на авионот и да не можете да се соблечете, или облеката да ви се влече по подот.
Материјали што предизвикуваат чешање
Со оглед на тоа што ќе седите со часови и нема да имате ништо да ви го оттргне вниманието од чешањето, сигурно по кратко време џемперот ќе почне да ве излудува.
Навредливи написи на маички
Не знаете на каква реакција ќе наидете. Може да се случи персоналот да биде принуден да ве избрка од авионот, ако некој се пожали заради навредливата содржина на маичката.
Имајте предвид дека во авионот има и деца и повозрасни луѓе, на кои ќе им пречи тоа што вие го носите.
Сандали со отворени прсти
Имајте предвид дека подот во авионот може да не е исчистен подолго време, а водата на подот во тоалетот, најчесто не е вода. Затоа носете затворени чевли.
Б. С. Б. | Црнобело