Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот)
Играте видеоигри
Сличен ефект како гледањето филмови и серии имаат и видеоигрите.
Покрај тоа, игрите делуваат постимулирачки и можат да дури и да ве расонат.
Се присилувате да заспиете
Ако не можете да заспиете, немојте да лежите во креветот.
Ова само ќе ве направи нервозни и дополнително ќе ви го отежне заспивањето.
Во овие случаи подобро станете, напијте се шолја чај (без кофеин), читајте, медитирајте или правете нешто друго релаксирачко додека не ви се приспие.
Слушате музика
И музиката има стимулирачки ефект, па може да го наруши сонот.
Јадете
Јадењето пред спиење, особено во кревет, исто така има негативно влијание.
Ако си легнете со полн стомак, желудникот ќе мора да ја дигестира храната и ова може да ве држи будни.
Работите
Никогаш немојте да работите во вашиот кревет.
Ако имате работа доцна навечер, одете во дневната или каде било, но не во креветот.
Кога работите, му давате знак на мозокот дека треба да биде буден. Па, ако го правите ова во кревет, подоцна заспивањето ќе ви биде многу потешко.
Спирова С. | Црнобело