Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме

Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мора да пегламе сè, дури и долна облека и чорапи – кои се застарените верувања што жените е време да ги заборават?

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-01.jpg

Начинот на живот пред 20 и повеќе години бил многу поразлично. Па, сосема нормално е што нашите баби и мајки имаат различни верувања и навики од нас.

Нормално, тие се обидуваат да пренесат дел од овие работи на нас, но не треба секогаш да ги следиме.

Неколку застарени навики кои е најдобро да ги заборавиме:

Носење градник по дома

Постои верување дека носењето градник е добро за градите. Поради ова, некои жени сметаат дека треба да го носат и по дома.

Но, реалноста е дека не постои никакво истражување што го потврдува ова.

Па, нема потреба да бидете стегнати во градник по цел ден.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-02.jpg

Седата коса мора да се фарба

Сè повеќе и повеќе жени одбиваат да ја фарбаат седата коса и гордо ја покажуваат. А, притоа изгледаат и одлично.

Ако некогаш седата коса сме ја поврзувале со старост, денес ни е јасно дека може да се јави и кај многу помлади жени.

Од вас зависи дали ќе ја фарбате седата коса или не, не мора слепо да следите туѓи убедувања.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-03.jpg

Жените сами треба да си купуваат влошки и слични продукти

Многу (постари) луѓе сметаат дека е срамно маж да купува влошки, тампони и слично за својата партнерка.

За среќа, времињата се менуваат, па денес сè почесто можете да видите мажи кои без проблем ги купуваат овие продукти за нивните партнерки, мајки, сестри…

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-04.jpg

Купувањето на големо е поисплатливо

Ако станува збор за големо семејство со повеќе членови, секако дека купувањето на големо може да биде поисплатливо.

Но, во дом со двајца, тројца луѓе, ова не е секогаш вистина.

Денес не сите продукти се поевтини ако ги купите на големо.

Покрај тоа, голем број намирници немаат многу долг рок на траење, па ако купите многу, постои ризик да треба да фрлате.

Најдобро е да купувате онолку храна колку што ви треба.

zastareni-zhenski-naviki-shto-gi-nauchivme-od-majkite-i-babite-i-treba-da-gi-zaboravime-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg