Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари
Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и сама се борела за себе и своето бебе, а најголема желба ѝ била да го заврши образованието. Факти за мајката на Џеф Безос, што сигурно не сте ги знаеле.
Џеф Безос е еден од најбогатите луѓе во светот со богатство кое се проценува на околу 167 милијарди долари.
Но, неговиот почеток бил неверојатно тежок, а мајка му едвај сврзувала крај со крај.
Мајката на Џеф, Џеклин Безос, била тинејџерка без пари која живеела во Ново Мексико, кога дознала дека е бремена.
Набрзо потоа и се венчала со дечко ѝ, односно биолошкиот татко на милијардерот.
Имала 16 години, а кога дознале за нејзината бременост, главните во гимназијата во која учела ѝ забраниле да посетува настава, па морала да го напушти училиштето.
Кога се побунила, ѝ било дозволено да оди на настава, но да влезе и да излезе од училиштето 5 минути откако ѕвончето ќе заѕвони.
Бремена тинејџерка не смеела да се меша со другите ученици. Такво било времето тогаш.
На големите одмори не смеела да се дружи со другите деца, ниту пак да јаде во училишната менза.
Кога малиот Џеф имал само 17 месеци, Џеклин се развела од сопругот, биолошкиот татко на Џеф Безос, чие име е Тед Јоргенсен.
Сама и без никаква перспектива, Џеклин некако се вработила како секретарка, а платата ѝ била 190 долари месечно.
Бидејќи не можела да ја плати телефонската сметка, татко ѝ ѝ купил воки-токи со цел секое утро да се јавува на семејството и да ги известува како е.