Nike патики, Gucci чанти: 10 трикови како да препознаете оригинал vs. копија
TOMS еспадрили
Прво погледнете го внатрешниот дел од ѓоновите. Ако можете да го извадите перничето, тогаш станува збор за копија, затоа што кај оригиналот, тоа е зашиено за ѓонот;
Потоа погледнете го логото. Буквите на оригиналот се совршено распоредени и со идентична големина (погледнете ја формата на буквата „О“ кај копијата). Исто така, рабовите околу логото се позбиени кај оригиналот, отколку кај копиите;
Погледнете од страна дали лепакот е видлив. Оригиналните брендови никогаш нема да си дозволат насекаде да се гледа лепак, но тоа не важи и за копиите.
Guess чанти
Прво нешто по што ќе ги препознаете копиите е материјалот од кој се направени. Најчесто кај копиите се користи евтин синтетички добиен материјал, наместо кожа.
Притиснете го материјалот со прстот и погледнете дали исчезнуваат наборите што сте ги направиле со прстот – ако не исчезнуваат тогаш не станува збор за кожа;
Погледнете ги металните додатоци на чантата. Кај оригиналната чанта тие треба да бидат еднакви и блескави, со мазна површина, додека кај евтините копии тие може да изгледаат нееднакво и да имаат неправилности или гребнатини.
Balenciaga патики
Погледнете го препознатливиот цврст дел на петицата. Кај копиите овој дел најчесто нема да го има;
Исто така погледнете го предниот дел од чевлите, кој не треба да биде свиткан нагоре, туку рамен;
Исто така, името на брендот треба да биде симетрично позиционирано и да нема разлики во големината на буквите.
Фармерки Levi’s
Најлесно можете да го препознаете оригиналот по работ на задните џебови. Најчесто станува збор за два едноставни лака, кои формираат дијамант на средината на џебот, што кај копиите го нема;
Кај оригиналните Levi’s фармерки рабовите се со портокалова боја, додека копиите се со бела боја;
Погледнете ја црвената етикета на задниот џеб. Оригиналот секогаш го има логото Levi’s со знакот „R“. Ако ова знакче за оригиналност недостасува, тогаш најверојатно станува збор за копија.
Fila патики
Погледнете го логото. Сите делови од буквата „F“ треба да бидат еднакви и совршено позиционирани;
Потоа, погледнете ги дупчињата во предниот дел од патиките. Секое дупче треба да биде еднакво и симетрично позиционирано;
Логото на задниот дел од патиките треба да биде идентично со она на јазикот на патиките. Кај копиите може да се случи ова лого само да биде зашиено на друго парче кожа кое е со црвена и сина боја.
Б. С. Б. | Црнобело