Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ќерката на Хурем и Сулејман

Во 1539 година нејзиниот татко ја омажил со Рустем Паша - многу постар, но амбициозен човек кој по женидбата со Михримах станал и главен везир.

Михримах и Рустем Паша имале две деца: Ајше Хумашах Султан и Султанзаде Осман.

Не постојат докази дека Михримах и нејзината мајка биле вмешани во убиството на нејзиниот полубрат, синот на Махидевран султан, Мустафа, иако многумина веруваат дека таа заедно со мајка ѝ и сопругот, неуморно работела за нејзиниот брат Мехмед да дојде на тронот.

Каква и да е вистината, многумина го оправдуваат овој нејзин потег, бидејќи доколку Мустафа застанел на престолот, сите нејзини браќа ќе биле погубени.

vo-istorijata-e-zapametena-kako-maz-vo-zdolnishte-detali-za-zivotot-na-mihrimah-sultan-kjerkata-na-hurem-i-sulejman-06.jpg

По смртта на нејзината мајка во 1558 година, таа ја презела улогата на советничка и лице од доверба на Сулејман.

Набрзо почнала да извршува одредени државни должности и да го заменува во негово отсуство. 

Три години по смртта на Хурем, починал и Рустем Паша, па таа сама понудила да се омажи за новиот голем везир, Семиз Али Паша, но тој ја одбил. 

Во тој момент одлучила дека повеќе нема да се мажи, па се вратила во кралската палата.

vo-istorijata-e-zapametena-kako-maz-vo-zdolnishte-detali-za-zivotot-na-mihrimah-sultan-kjerkata-na-hurem-i-sulejman-07.jpg

Со текот на времето, нејзиното влијание растело, а Сулејман го ценел нејзиното мислење повеќе од мислењето на другите. 

Најверојатно таа ја поддржала одлуката на нејзиниот татко да започне кампања во Унгарија во 1566 година, при што тој починал. 

Кога на престолот дошол нејзиниот брат Селим II, тој продолжил да бара совет и да ги почитува одлуките на својата сестра, иако принцезата решила од тој момент да се пресели во Стариот дворец и да го продолжи животот мирно.

vo-istorijata-e-zapametena-kako-maz-vo-zdolnishte-detali-za-zivotot-na-mihrimah-sultan-kjerkata-na-hurem-i-sulejman-07_copy.jpg

Таа починала во 1578 година, надживувајќи ги сите свои браќа.

Михримах добила чест каква што немало ниту едно друго дете на Сулејман.

Таа е единствената која е закопана покрај него во неговата џамија.

Прочитајте и Тажната љубовна приказна на ќерката на Султан Сулејман и Хурем – Човекот што го сакала морал да ја гледа како се мажи за друг

С. Ш. | Црнобело / фото: Википедија



Би можело да ве интересира:

Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg