Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ќерката на Хурем и Сулејман
Во историските записи никогаш не била опишана како убава, туку како многу амбициозна. Се трудела да биде рамноправна со мажите и е единственoто дете на Сулејман што е погребано покрај него. Таа била еден од главните советници на Сулејман, а потоа и на нејзиниот брат Селим II - Што знаеме за Султанија Михримах, ќерката на Сулејман и Хурем?
Возбудливата приказна за османлискиот султан Сулејман и неговата доживотна љубов кон султанката Хурем, како и многуте дворски интриги, најубаво се пренесени во турската серија „Величествениот“, која стекна огромна популарност ширум светот.
Токму оваа серија разбуди кај јавноста интерес за животот и делата на членовите на ова семејство.
Султанија Михримах била ќерка на Сулејман Величествениот и неговата сопруга Хурем, родена во 1522 година во Цариград.
Името ѝ го дала мајката на султанот Ајша Хафса, а на персиски тоа значи „сонце и месечина“ или „месечева светлина“, а на запад е познато и како Камерија.
После двата синови, Хурем и Сулејман биле пресреќни кога добиле девојче.
Таа била многу осамена, секогаш во сенката на нејзините браќа и нивната борба за престолот.
Секогаш го следела својот татко на патувањата низ целото осламнлиско царство.
Во историските книги Михримах никогаш не била опишана како убава.
Повеќе ја опишувале како „маж во здолниште“, но не поради нејзиниот изглед туку поради нејзината амбиција.
Сакала да биде рамноправна со мажите и секогаш се трудела да биде прва.
Според кажувањата на историчарот од 16 век, Мустафа Селаники, таа била убедливо најпочитуваната жена во таа ера.
Сепак, тоа не ја спасило од брак заради интерес.