Крадела бебиња од сиромашни родители, па им ги продавала на богаташи: Која била Џорџија Тан?
Оваа жена и нејзините соработници растурале едно семејство за да му угодат на друго.
Судијката во судот за малолетници Камил Кели била најлојален соучесник во криминалот на Џорџија.
Кели глумела дека работи во интерес на децата, но со само еден потпис ги отстранувала родителските права на децата.
Тан, во суштина, водела класна војна.
Верувала дека постојат два типа луѓе: сиромашни, кои ги сметала за неспособни родители, и богати.
Воедно си го полнела својот буџет.
Во средината на 1940-тите, на Џорџија ѝ бил дијагностициран рак на матката, а набрзо нејзините злодела почнале да излегуваат на виделина.
Во последните месеци од животот, против неа била покрената истрага.
Најмногу обвиненија добила за богатството што го собрала, а не за киднапирањето на бебињата.
Имала 59 години кога починала од рак во својот дом. Никогаш не ја одлежала својата казна.
Судијката Кели, пак, починала од мозочен удар.
С. Ш. | Црнобело / фото: Historydaily