Крадела бебиња од сиромашни родители, па им ги продавала на богаташи: Која била Џорџија Тан?
Џорџија Тан од САД крадела бебиња од паркови, автомобили, па дури и болници, а потоа ги продавала во богати семејства. Во криминалот ѝ помагале и медицински сестри и доктори, а се претпоставува дека украла над 5.000 деца.
Џорџија Тан e родена во Филаделфија, Мисисипи. Таа била социјален работник и тргувала со бебиња кои ги киднапирала од каде ќе стигнела, а потоа ги продавала на богати семејства.
Најбарани биле бебињата со руса коса и сини очи, а Џорџија ги киднапирала од автомобили, во тунели, од цркви, од игралишта...
Некои од бебињата ги крадела дури од болници, а поткупувала медицински сестри, хигиеничарки, а некогаш и лекари со голема сума пари.
Агентите на Џорџија краделе постари деца од улица лажејќи ги им дека нивните родители починале.
Се проценува дека Џорџија украла над 5.000 деца во периодот помеѓу 1924 и 1950 година и дека околу 500 од нив починале како резултат на лоша грижа, болести, но и злоставување.
Книгата „Before I Was Yours“ од Лиза Вингејт ги открива страшните детали од киднапирањата на Џорџија Тан.
Нејзината организација брзо киднапирала бебиња родени во затвори и ментални институции.
За да ги покрие нивните траги, Џорџија ги фалсификувала документите за посвојување и ја уништувала секоја трага за потеклото на овие деца.
На новите родители им велела дека децата се „празна табла“ и дека без проблем ќе се вклопат во новото семејство - што, се разбира, не било точно.
Дури објавила и оглас во весник со натпис: „Сакате вистински, жив, Божиќен подарок?“