Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови
Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време почнувате да чувствувате болка, дури и кога ви се удобни. Затоа, врз средниот и домалиот прст ставете фластер – тоа ќе спречи прстите директно да се удираат во чевлите и ќе ја намали болката.
Сите сакаме чевлите да ни изгледаат како нови и неколку месеци откако ќе ги купиме.
Но, во реалноста, тоа е невозможно. По неколку носења, тие почнуваат да ја менуваат оригиналната форма, се гребат, го губат сјајот, почнуваат да мирисаат.
Сепак, постојат неколку трикови со кои можеме да им го задржиме сјајот или да се ослободиме од непријатниот мирис на валкани нозе.
Кора од банана за сјај на чевлите
Со текот на времето сјајот на кожените чевли почнува да избледува.
Наместо да трошите пари за нови чевли, исчистете ги со кора од банана.
Таа ќе им го врати сјајот и тие ќе заличат на нови.
Паста за заби за обелување
Aко патиките почнуваат да ја губат снежно белата боја која ја имаа кога ги купивте, исчеткајте ги со паста за заби која ќе ја нанесете на четка, а потоа пребришете ги со сува крпа.
Ставете влошка од внатрешната страна на балетанките за да не ви „излегуваат“ од нога.
Ако калапот на омилените балетанки ви се рашири, од внатрешната страна ставете влошка.
Tаа не само што ќе го пополни просторот, туку ќе ги спречи и балетанките да ви излегуваат од ногата.
Ставете фластер на прстите кога носите салонки
Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатна.
По некое време почнувате да чувствувате болка, дури и кога ви се удобни.
Затоа, врз средниот и домалиот прст ставете фластер – тоа ќе спречи прстите директно да се удираат во чевлите и ќе ја намали болката.