Најстрашните киднапирања некогаш - Ја држел затворена во ковчег 7 години, а таа го обожавала

Колин Стен

20-годишната Колин Стен патувала со автостоп во Калифорнија, кога во еден момент се качила во сино комбе на еден брачен пар, кој на задното седиште имал и дете.

Присуството на детето направило парот да изгледа безбедно. 

Но, наскоро, сопругот Камерон Хукер ѝ вперил нож под грлото на Колин, ја однел во напуштена област, а потоа ја силувал и мачел. 

Планот на Хукер бил да ја претвори Колин во сексуална робинка со помош на неговата сопруга Јан. 

За да биде уште полошо, Хукер изградил кутија со големина на ковчег, во која ја држел Колин затворена од 22 до 23 часа на ден седум години. 

Хукер ѝ велел на Колин дека работи за организација наречена „Компанијата“ и доколку е непослушна тие ќе ја повредат. 

За иронијата да биде уште поголема, парот ѝ пружал огромна љубов на својата мала ќерка, а кон Колин биле целосна спротивност.

Во еден момент, Хукер дури и дал пиштол на Колин и ѝ рекол да го стави во уста и да го повлече чкрапалото. Колин го послушала, но пиштолот бил без куршуми. Тоа претставувало тест за лојалност.

Во 1981 година, по речиси четири години, Хукер ја однел Колин дома да го посети нејзиното семејство и ја оставил таму преку ноќ. 

Семејството не знаело ништо за злоставувањето што го претрпела Колин, но и таа премолчела. 

Наместо тоа, кога Хукер се вратил следниот ден, Колин отишла со него и го продолжила својот живот во кутијата уште три и пол години. 

За среќа, Јан Хукер на крајот и помогнала на Колин да избега. 

Хукер бил уапсен од полицијата, осуден за киднапирање и тортура, и добил 104 години затворска казна.

najstrasnite-kidnapiranja-nekogash-ja-drzel-zatvorena-vo-kovcheg-7-godini-a-taa-go-obozavala-04.jpg

Наташа Кампуш

Наташа имала само 10 години кога двајца мажи ја киднапирале и ставиле во бело комбе.

Следните осум години ги поминала затворена во гаражата на маж по име Волфганг Приклопил. Просторот бил широк 54 квадрати, без прозорци, звучно изолиран, со бетонска врата. Но, по некое време и дозволил да се качи во куќата и да остане таму.

Секое утро Наташа и Приклопил појадувале заедно, живеејќи во искривена верзија на нормалноста. 

Во неколку пригоди, Наташа се обидувала да го привлече вниманието на минувачите, но безуспешно.

Конечно, на 23 август 2006 година, таа успеала да избега.

Под негов надзор таа го чистела неговото БМВ, но во еден момент му заѕвонил телефонот. Приклопил ја оставил Наташа без надзор за да зборува на телефон.

Додека правосмукалката работела, таа избегала надвор и наишла на сосед, кој повикал полиција.

Додека Наташа била во полициската станица, Приклопил сфатил дека најверојатно ќе биде осуден за киднапирање и ќе биде осуден на доживотен затвор.

За да го избегне ова, тој скокнал пред воз во движење во близина на станицата Виена Норд во Виена. 

Кога Наташа ја известиле за смртта на Приклопил, таа плачела, па дури и барала да седи сама со неговиот ковчег со часови. 

Години по нејзиното бегство, таа се уште ја носела неговата фотографија во својот паричник, а денес живее во неговата куќа.

najstrasnite-kidnapiranja-nekogash-ja-drzel-zatvorena-vo-kovcheg-7-godini-a-taa-go-obozavala-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Пинтерест



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg