6 производи за кои мислиме дека се евтини, а всушност трошиме богатство на нив

Евтина тоалетна хартија

Иако сè поретко може да се најде во маркетите, тоалетната хартија од рециклирани материјали е и понатаму популарна поради својата ниска цена.

Но, тоа не значи дека ќе заштедите – има само еден слој, се троши брзо, се кине и ви останува во рацете, па најчесто мора да употребите многу поголема количина од оваа хартија споредено со хартијата која има 2 или 3 слоја.

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-05_copy_copy.jpg

Пластични цвеќиња во домот

Иако се евтини, пластичните цвеќиња во домот не делуваат естетски и убаво.

Да, ги купувате бидејќи не можете да ги „умрете“ како вистинските цвеќиња, а не бараат нега, но, фаќаат прашина и ја губат бојата ако ги оставите подолго време на сонце.

Токму затоа во многу домаќинства ги фрлаат пластичните цвеќиња и купуваат свежи растенија.

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-03.jpg

Жилет за една употреба

Обичните жилети се практични, но реалноста е дека тие може да се користат за 1-2 употреби, а потоа ги фрламе.

Самиот жилет по едно користење почнува да затапува, и веќе не е ефикасен како кога ќе го отворите, па мора да го замените со нов.

Попрактична опција е да купите електричен депилатор.

Или ако веќе купувате жилет, тогаш да изберете производ кој чини поскапо, а кој ќе можете да го користите подолго време.

6-proizvodi-za-koi-mislime-deka-se-evtini-a-vsushnost-troshime-bogatstvo-na-niv-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Ситници во домот заради кои делувате како старомодна личност Далечински управувач во фолија, поткршени садови, старински прекривки... Заради ...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg