Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец

Ернест Думолин

Во 1970-тите, Ернест Думолин ја запознал неговата сопруга Хелга Конрад преку реклами за сингл лица – ретро верзија на денешните апликации за состанување.

По две недели, отишле во Шкотска каде што се венчале и планирале таму да го поминат медениот месец

Ноќта по венчавката, Ернест ѝ предложил на новата сопруга да прошетаат.

Се искачиле на карпа, кога Ернест ја прегрнал сопругата и ја турнал.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-06.jpg

Нејзиното тело го нашол локалец кој повикал полиција. Следниот ден го лоцирале Ернест, го испрашале и ја пребарале собата што ја делел со сопругата.

Ернест тврдел дека Хелга се сопнала и паднала, но во собата биле најдени докази дека тој планирал да го искористи нејзиното животно осигурување.

Имено, тој пробал да ги земе парите уште наредниот ден по смртта на сопругата, но осигурителната компанија не сакала да му исплати бидејќи нејзината смрт не била разјаснета.

Ернест си заработил доживотна казна затвор, но бил ослободен по 16 години.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-07.jpg

Ентони Едвин Киркус

Ентони и сопругата Кетрин Ен се зближиле бидејќи и двајцата пиеле многу алкохол.

Но, кога бил пијан, Ентони бил насилен – еднаш толку многу ја истепал Ен, што таа повикала и полиција.

И покрај домашното насилство, во 2003-та Кетрин се согласила да се венча со Ентони, и тоа во Лас Вегас.

Овде останале и за медениот месец, каде што пиеле речиси постојано.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-08.jpg

Неколку дена по венчавката, додека и двајцата биле под дејство на алкохол, тие се скарале.

Ситуацијата брзо ескалирала – Ентони ја нападнал Кетрин, почнал да ја удира и на крај ја задавил.

По ладнокрвното убиство, веднаш заминал од хотелот, а телото на Кетрин било најдено неколку дена подоцна.

Ентони бил лоциран благодарение на кредитните картички и бил уапсен. Го признал убиството и добил 19-годишна казна затвор.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-09.jpg

Мишел Еското

Мишел Еското барал начин да заработи многу пари за краток период. Некако успеал да ја натера тогашната девојка – Венди Трапага – да потпише полиса за животно осигурување од 1 милион долари.

Набрзо потоа ја натерал да се венчаат, но и да го лаже нејзиното семејство дека е бремена.

Во меѓувреме, тој се сретнал со поранешна девојка на која ѝ кажал дека планира да ја убие Венди, но да го инсценира убиството така што ќе изгледа како предозирање.

По венчавката, Мишел и Венди отишле на меден месец во локален хотел каде што тој ѝ ставил дрога во пијалак.

Кога Венди изгубила свест, пробал да ја удави во џакузито, но безуспешно.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-10.jpg

По ова, ја ставил во автомобил и отишол на оддалечена локација каде што ја удирал и ја задавил. Таму го оставил и телото.

Телото на Венди било најдено неколку дена подоцна, а на испрашувањето Мишел рекол дека ноќта кога умрела, се скарале и тој излегол од хотелот.

Полицијата се сомневала, но немале доказ дека тој е убиецот.

Два месеца подоцна, Мишел пробал да ги добие парите од животното осигурување. Ја тужел осигурителната компанија со надеж дека ќе го добие милионот.

Но, на судењето неговите изјави во врска со смртта на сопругата биле контрадикторни, па лесно бил фатен.

Добил доживотна казна затвор, без можност за помилување.

Mornichavo_Mazhi_koi_si_gi_ubile_soprugite_na_medeniot_mesec-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg