Убиства, кражби, киднапирања – Злодела кои се случиле пред бројни сведоци, но се нерешени до денес
Убиството на Амбер Хагерман
Неколку луѓе сведочеле на киднапирањето на 9-годишната Амбер и веднаш повикале полиција, но залудно.
Во јануари 1996-та, Амбер го возела нејзиниот велосипед на паркинг во град во Тексас.
Според сведоците, на паркингот застанало црно возило. Личноста која излегла ја грабнала Амбер и заминала со возилото.
Еден од сведоците веднаш повикал полиција, од каде што дознале дека станува збор за маж со латиноамериканско потекло, на возраст од 20 до 30 години. Но, не го знаеле неговиот идентитет.
Четири дена по киднапирањето, телото на Амбер било најдено во близина на паркингот.
Уште не е познат идентитетот на убиецот.
Киднапирањето на Хедер Тиг
Тим Ватхол од САД беспомошно го гледал киднапирањето на Хедер Тиг преку својот телескоп и иако пријавил во полиција, девојката никогаш не била најдена.
Во август 1995 година, Хедер била на плажа на реката Охајо којашто Тим ја набљудувал со неговиот телескоп.
Тим, кој се наоѓал на другата страна од реката, забележал дека на Хедер ѝ приоѓа маж со пиштол кој ја фатил за косата и ја одвлекол во шумата во близина.
На почетокот не му било јасно што видел, но по 20-тина минути почнал да се загржиува бидејќи ни Хедер ни мажот не се појавиле.
Тогаш повикал полиција, но залудно.
Полицајците имале двајца осомничени, но не и доволно докази за тоа дека се виновни.
Судбината на Хедер не е позната.
Кражба на армирано возило во кое несвесно помогнале возачите
Во 1968 година во Токио, четворица банкарски работници се подготвувале да пренесат 290 милиони јени (околу 1,8 милиони долари) во армирано возило.
Пред да тргнат на пат, биле застанати од маж облечен како полицаец.
Тој им рекол дека во домот на менаџерот на банката имало експлозија, како и дека најверојатно има експлозив во возилото.
Мажот дури и легнал под возилото по што се појавиле чад и искри.
Работниците се исплашиле од наводниот експлозив и избегале, а „полицаецот“ влегол во возилото и избегал.
И покрај една од најголемите потраги во Јапонија, крадецот не бил најден и неговиот идентитет до денес е мистерија.
Спирова С. | Црнобело