22 прашања со кои интимно ќе се поврзете со некоја личност (партнер или пријател)
Колку често кажувате „извини“? А, за што најмногу жалите во животот? Постојат прашања со кои несвесно можеме да откриеме многу детали за некоја личност со која сакаме да се поврземе на едно поинтимно ниво.
Ако сте расположени за длабока дискусија или само сакате подобро да запознаете некого, треба да ги изберете вистинските прашања.
Без разлика дали разговарате со партнер, пријател, член од семејството или познаник кој едвај го познавате, некои прашања дефинитивно можат да ве зближат и да ве натераат да влезете во длабока дискусија.
Неколку прашања што ќе ви помогнат во ова:
1. На што веруваш повеќе – на разумот или инстинктите?
2. Кои ти се трите најголеми желби во животот?
3. Каква верзија од себе сакаш да видиш за 10 години?
4. Севкупно, дали мислиш дека луѓето се добри?
5. За што во животот жалиш најмногу?
6. Што е најважно во животот и зошто?
7. Кое ти е најубавото сеќавање и што го прави толку посебно?
8. Што мислиш дека е целта на нашето постоење и дали воопшто ја има?
9. Ако имаш еден милион долари за донирање, каде би ги донирал/а?
10. Кој е твојот најголем страв и какво влијание има врз твојот живот?
11. Има ли момент од животот што сакаш да го заборавиш?