Бон-тон правила со кои ќе ги импресионирате сите во ресторан и на свечен настан
8. Ако некој ви побара виљушка или нож, подајте му ги со дршката свртена кон него.
9. Кога се нарачува храна, прво дамата треба да одбере што сака, па потоа мажот, а на крај мажот да ја направи нарачката.
10. Ако случајно ви падне дел од приборот, немојте да го барате по земјата. Само викнете го келнерот и замолете го да ви донесе нов прибор.
Правила за оставање бакшиш
11. Правилата за бакшиш зависат од тоа каде се наоѓате. На пример, во САД бакшишот е задолжителен, додека во некои азиски земји се гледа за навреда. Затоа, однапред проверете ги правилата.
12. Генерално, треба да оставите бакшиш ако сте задоволни од услугата. Во некои ресторани, на самата сметка ќе биде нагласено доколку бакшишот е задолжителен.
13. Кога келнерот ќе ви врати кусур, не му викајте „Задржи го“. Наместо тоа, вие оставете ја сумата што сметате дека е соодветна.
14. Не давајте бакшиш со монети кои ви се собрале во паричникот – ова е непочитување за келнерот.
15. Доколку планирате да платите со картичка, препорачливо е да носите малку кеш за бакшиш.
Спирова С. | Црнобело