Првпат забременила на 15 години, имала бројни афери – Која била Маргарет Кембел, „најперверзната“ војвотка во светот?
По разводот, во 1951 година Маргарет повторно се омажила. Овојпат со војводата од Аргил, богат благородник кој бил алкохоличар, коцкар и манипулатор.
Своето богатство го потрошил на коцкање и жени, а кога таткото на Маргарет повеќе не сакал да им ги плаќа сметките, решил да се разведе од неа.
Сепак, морал да има добра причина за тоа, па ја нашол и со тоа засекогаш ѝ го променил животот на војвотката.
„Имав богатство, изгледав добро. Како млада постојано ме фотографираа, пишуваа за мене, ми ласкаа, ми се восхитуваа, ме вклучуваа во листата на десет најдобро облечени жени во светот.
Станав војвотка и господарка на стар замок. Во животот постојано ми цветаа рози“, изјавила Маргарет.
Оваа изјава најдобро ги отсликува нејзините напори сликата за нејзиниот живот секогаш да биде идилична, иако реалноста честопати била прилично мрачна.
Имено, сè се срушило кога во една пригода нејзиниот сопруг, војводата, упаднал во нејзината вила и ги замолил слугите да му ги откријат сите тајни прегради во кои неговата сопруга ги криела своите писма и скапоцености.
Таму конечно ги нашол доказите што му биле потребни за разводот.
Решил целосно да ја уништи сопругата откако открил фотографија на која Маргарет позира целосно гола во скут на гол маж.
Тоа бил силен доказ за прељуба што му овозможил на војводата да се разведе од неа и да добие огромна сума пари во бракоразводната парница.
Покрај тоа што војводата пред судот ги навел имињата на тројцата главни осомничени љубовници, тој на судијата му презентирал и список од 88 мажи со кои се верува дека Маргарет го изневерувала.
Судијата решил да му одобри на војводата развод и рекол дека верува оти „Маргарет е исклучително сексуална личност која престанала да се задоволува со нормални врски и почнала да се впушта во оргии и настраности, сѐ со цел да ја задоволи својата страст“.
Кога за некој во тоа време јавно ќе се изнесело такво мислење, претставувало крај на неговата добра репутација.
Ова оставило дамка врз нејзиното име засекогаш.
Во 2013 година беше откриено дека човекот на фотографијата е американскиот бизнисмен Бил, односно Вилијам Лајонс.
Тој бил сопственик на автомобилската компанија Jaguar, а подоцна се покажало дека бил единствениот вистински љубовник на Маргарет.
Останатите осомничени главно биле мажи со хомосексуална ориентација, што во тоа време Маргарет не смеела да го каже, бидејќи било казниво со затвор.
До крајот на животот живеела со нарушен углед, а починала во 1993 година, како една од најконтроверзните личности од кралскиот двор.
С. Ш. | Црнобело