Биле опседнати со гениталиите и аналниот секс - Што знаеме за народот Моче и неговите бизарни ритуали?
Религија
Иконографијата на овој народ и човечките коски пронајдени во близина на нивните храмови покажуваат дека принесувањето жртви било важен дел од нивната религија.
Нивните обреди обично се состоеле од собирање луѓе околу храмовите, каде што божицата жртвувала луѓе.
Луѓето кои биле жртвувани обично биле заробеници кои Моче ги заробувале во битките со своите соседи.
Тие ги мачеле своите затвореници неколку недели пред да ги жртвуваат и да им ја извадат крвта.
Освен жртвувањето на поразените воини, сечењето на нивните вратови и собирањето на нивната крв, која ја давале да ја пијат фигури облечени во богови и канибализмот бил дел од нивните ритуали.
На ѕидовите најчесто го цртале своето најважно божество, кое се нарекувало Ајапек и кое го претставувале како пајак, летечко суштество или морско чудовиште.
Кога го цртале со тело, обично Ајапек имал лавовска уста или една рака во која држел нож или отсечена глава.
Опседнати со секс
Изопачената опсесија со секс оставила голем впечаток кај пронаоѓачите, кои дошле до запрепастувачки факти.
Имено, на нивните садови биле изгравирани експлицитни сексуални мотиви.
Шокантен е и податокот дека вакви мотиви биле пронајдени и во нивните духовни храмови.
Најчесто прикажан мотив е чинот на анален секс.
На цртежите големо внимание е посветено на гениталиите, за да може што поексплицитно да се види дека станува збор за анална пенетрација.
Она што е најбизарно е приказот на мајка која дои дете за време на сексуален однос.
Толку далеку оделе што се порнајдени прикази на машки скелети кои мастурбираат, како и живи жени кои ги задоволуваат тие скелети.
Опсесија на овој народ биле и заробените сексуални робинки во бизарни изданија.
Керамика
На садовите кои ги користеле се исцртани луѓе, но и натприродни фигури, животни и разновидни растенија.
Нивните артефакти го изразуваат нивниот живот, со детали од лов, риболов, борби, жртви, сексуални средби и сложени церемонии.
Подоцнежната керамика на Моче содржи сложени цртежи со слична тема.
Убаво изработената керамика ја користеле како подарок, кој припадниците на елитните класи им го давале на луѓето од пониските класи, помагајќи им да ги зацврстат друштвените врски.
Во домаќинствата била пронајдена фина керамика, а парчињата пронајдени во гробовите се знак дека истата била користена.
Уништување на Моче цивилизацијата
Постојат неколку теории за уништувањето на Моче цивилизацијата.
Една од нив е дека нивното уништување настанало поради климатските промени.
Со проучување на парчиња мраз на Андите, историчарите дошле до заклучок дека во тие области имало големи климатски промени некаде помеѓу 536 и 594 година.
Ова, во првите 30 години, довело до обилни врнежи од дожд и поплави, а подоцна и суша која траела 28 години.
Ова веројатно го нарушил начинот на живот на Моче народот, по што дошло до губење верба во нивните божества.
Сепак, овие промени не довеле до конечно пропаѓање на Моче.
Тие ги преживеале овие климатски промени во долините на Екутепекуа и Мока. Таму, оние кои преживеале почнале да градат одбранбени градби.
Историчарите веруваат дека овие мерки за заштита биле предизвикани од војни за независни територии на Моче луѓето кои се бореле за природните суровини коишто станувале сѐ поретки поради климатските промени.
С. Ш. | Црнобело