10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки
Тејлор Свифт
Сигурно знаете која е Тејлор Свифт – една од најпознатите пејачки на денешницата.
Пејачката има огромно влијание врз музичката индустрија, а почнала да пишува песни на само 14 години.
Со над 200 милиони продадени албуми, важи за еден од најдобропродаваните музичари на сите времиња.
Има освоено 12 Греми награди, но и куп други музички награди.
Истовремено, таа е активист кој се залага за првата на артистите, но и на жените.
Роза Паркс
Роза Паркс е можеби најпознатиот активист во историјата на светот.
Нарекувана е „прва дама на граѓанските права“, како и „мајка на движењето за слободата“ и била дел од многу протести со кои се борела против дискриминацијата во САД.
Поради нејзините активности, таа стана меѓународна икона на отпорот против расната сегрегација.
Бијонсе
Сигурни сме дека сте слушнале и за Бијонсе која, исто како Тејлор Свифт, е едно од најголемите имиња во музичката индустрија.
Во кариерата која трае над две децении, Бијонсе има продадено над 200 милиони албуми, има освоено 32 Греми награди и бројни други музички награди.
Според магазинот Time, таа е една од 100-те жени кои го дефинирале 20-тиот век.
Мајка Тереза
Мајка Тереза била калуѓерка најпозната по хуманитарната работа.
Нејзината организација се фокусирала на тоа да помогне на лица кои страдаат од болести како лепра и туберкулоза, како и на сирачиња и сиромашни луѓе.
Неретко е нарекувана еден од најголемите хуманитарци во историјата.
Џуди Денч
Џуди Денч е една од најпознатите и најдобрите актерки од Британија.
Во долгогодишната кариера, има освоено бројни награди, вклучувајќи Оскар и два Златни глобуса.
Покрај успешната филмска кариера, Џуди има соработувано со невладини организации и се бори против сиромаштијата – наводно, била дел од над 180 добротворни организации.
Спирова С. | Црнобело