Исчезнала, па ја нашле мртва во подрумот – Кој ја убил Џо Бенет Ремзи, 6-годишна ѕвезда на натпревари за убавина?
Аутопсијата покажала дека Џо починала од ударот на главата и давење, а главни осомничени станале нејзините родители.
Уште почудно било што тие веднаш најмиле адвокати – како да очекувале дека ќе треба да се бранат.
Покрај тоа, пораката од киднаперите била напишана на лист од тетратка од домот на Џо, со пенкало кое се наоѓало во домот.
Истовремено, пораката била долга неколку страници што е невообичаено за вакви ситуации.
Друг проблем била и сумата од 118.000 долари бидејќи точно толку изнесувал бонусот што го добил татко ѝ на Џо од работа. Наводно, никој освен семејството и неговите најблиски пријатели не знаеле за овој бонус.
Детективите верувале дека родителите ненамерно ја убиле Џо, па ја смислиле приказната со киднапирањето за да се спасат од затвор.
Тоа што Џо била присилена да оди на натпревари за убавина, само го влошувало имиџот на родителите во јавноста.
Сепак, немало доволно докази против родителите и детективите испрашале стотици осомничени, но не бил пронајден виновникот.
Во 2006 година, мајката на Џо починала од рак на јајници.
Дури во 2008 година, откако се појавиле нови, пософистицирани тестови за ДНК, било утврдено дека на облеката што ја носела Џо имало ДНК од личност со која не е во крвно сродство.
По ова, нејзините родители официјално беа тргнати од листата на осомничени.
Но, ни ова не помогнало да се најде виновникот.
До денес постојат бројни теории за тоа кој и како ја убил Џо, а можеби најлудата се прослави во 2016-та.
Според оваа теорија, братот на Џо – Бурк – е убиецот. Тогаш тој имал девет години.
Наводно, во желудникот на Џо бил најден ананас. На кобната вечер, Бурк планирал да го јаде ананасот, па кога Џо му зела едно парче, тој ја удрил силно.
За да го заштитат, родителите ги инсценирале киднапирањето и убиството.
И ова е само една теорија која не е потврдена, а властите не се ни близу до решавање на бизарниот случај.
Спирова С. | Црнобело