9 ситници од Али Експрес кои може одлично да ви се најдат кога одите на патување
Кенгур за бебиња
Кога патувате со бебе, не можете секогаш да носите количка со себе – затоа кенгурот е одлична замена.
Стик за сончање
Кремите за сончање се одлични за на плажа. Но, кога ви треба заштита од сонцето, а вие се шетате низ град, многу е поедноставно да нанесете стик на телото, отколку крема, која ќе ви ги измрси рацете, а може и да ви ја извалка облеката.
Водоотпорна торбичка за мобилен телефон
Кога врне, а вие како турист сакате да се прошетате и да разгледате сè, ништо нема да го заштити вашиот телефон подобро од пластичните торбички за заштита кои се водоотпорни.
Детско седиште со послужавник за автомобил
Детето најлесно ќе го нахраните во автомобил ако на седиштето ставите и послужавник, кој лесно се прицвртсува за седиштето.
Пластично пакување за сунѓерчињата за шминкање
Сунѓерчињата за нанесување пудра имаат свое место во домот, каде што ги чувате чисти и дезинфицирани. Но, кога одите на пат, ако ги ставите во несесерот со шминки, тие може да се извалкаат. Затоа, чувајте ги во пластично пакување кое може да го порачате онлајн.
А. Ј. | Црнобело