Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично
Бранден Бремер
Бранден Бремер, роден во 1990 година, беше генијалец во секоја смисла на зборот.
Почнал да чита на 18-месечна возраст, на три години веќе свирел пијано, а на 10-годишна возраст заврши средно образование.
Талентираното момче компонираше и музика, планираше да издаде свој албум и се запиша на факултет со надеж дека ќе стане анестезиолог.
Но, во 2005-та, кога имаше 14 години, Брендан беше пронајден мртов во неговиот дом со прострелна рана.
Се претпоставува дека момчето извршило самоубиство, но не оставило порака, а неговите блиски тврдат дека не бил во депресија.
По неговата смрт, мајка му изјави дека Брендан сакал да ги донира неговите органи и можеби тоа го натерало да посегне по својот живот.
„Веруваме дека можел да ги слушне потребите на луѓето. Си замина за да ги спаси тие луѓе“.
Семејството му ја исполни желбата и органите на Брендан беа донирани.
Филипа Скајлер
Родена во 1931-ва, Филипа била музички гениј. Но, токму нејзиниот интелект бил причина за нејзиниот несреќен живот.
Мајката на Филипа била опседната со тоа да роди „супериорно дете“. Па, две-три години пред да остане бремена, јадела само сирова храна, не јадела месо и, генерално водела многу строг режим.
Кога се родила Филипа, и таа морала да го следи истиот начин на живот.
Филипа го покажала својот потенцијал уште од рана возраст – можела да чита на 2-годишна возраст, а до четири години, на пијано свирела дела на Шуман и Моцарт. Истовремено, компонирала и свои песни.
На шест години, нејзиниот коефициент на интелигенција изнесувал 185.
Мајка ѝ, пак, ја форсирала максимално – ја пријавувала на сите можни музички натпревари, не ѝ дозволувала да се дружи со врсници и ја тепала. Филипа смеела единствено да вежба да свири.
Подоцна Филипа станала и колумнистка и напишала над 100 статии во разни магазини и весници, а извадила и четири книги.
Но, во 1967-ма, на 35-годишна возрст, загинала во хеликоптерска несреќа.
Наталија Стрелченко
Наталија беше музички гениј, а настрада поради љубомората на нејзиниот сопруг.
Норвешката пијанистка, која има руско потекло, го одржа нејзиниот прв концерт на само 12-годишна возраст.
Не требаше долго за да стане светски позната пијанистка, а подоцна и истакнат професорка по музика.
Околу 2014-та, Наталија се венча со сопругот Џон Мартин со кого живееја во Манчестер.
Но, кратко по свадбата, Џон почнал да ја малтретира. Истовремено, тој бил љубоморен на нејзиниот успех и ја терал да се откаже од кариерата за да биде домаќинка.
Наводно, Џон неколкупати пробал да ја задави, па дури и ја присилил да абортира.
Во 2015 година, Наталија беше најдена мртва во нејзиниот дом. Аутопсијата покажала дека причина за смртта се повреди на вратот и главата.
По истрагата се утврди дека убиецот е нејзиниот сопруг кој доби доживотна казна затвор.
Прочитајте и: Инженери, физичари, композитори – Деца генијалци на 21-виот век
Спирова С. | Црнобело