Луѓе кои биле неправедно осудени и поминале над 20 години во затвор за туѓи злосторства
Вилијам Барнхаус – 25 години
Во 1992 година, 22-годишна девојка била свирепо силувана во Индијана, САД.
Веднаш го пријавила случајот и полицијата ја пребарала областа. Тогаш налетале на Вилијам Барнхаус и го уапсиле бидејќи се совпаѓал со описот што го добиле од девојката.
Потоа, девојката потврдила дека тој е напаѓачот.
За време на судењето, ДНК анализата не покажала поврзаност со Вилијам и злосторството. Покрај тоа, тој имал и проблеми со менталното здравје.
Но, сепак бил осуден со 80-годишна казна затвор.
Во 2016 година била направена нова ДНК анализа која покажала дека Вилијам нема никаква врска со случајот, по што бил ослободен.
Роналд Кичен – 21 година
Во 1988 година, во Чикаго биле најдени изгорените тела на две жени и три деца.
По девет дена, полицијата добила повик од маж кој тврдел дека Роналд Кичен му признал дека ги убил децата и жените, со помош на маж по име Марвин Ривс.
Повикот бил доволен за Роналд да биде уапсен.
Иако информацијата била лажна, Роналд завршил во рацете на командир кој физички го малтретирал за да изнуди признание од него.
Сакајќи тортурата да престане, Роналд кажал дека е виновен и бил осуден на доживотна казна затвор.
21 година подоцна, мажот кој го пријавил во полиција признал дека лажел, по што Роналд бил ослободен.
Сузан Џонсон – 21 година
Во 1997 година, Сузан Џонсон се грижела за Јасмин Милер – 6-месечно бебенце.
Но, во еден момент бебето паднало од висок стол за хранење. На почетокот Јасмин изгледала во ред, но потоа почнала да повраќа и изгубила свест.
Сузан веднаш повикала брза помош и пробала да ја спаси, но бебето не преживеало.
Медицинските лица утврдиле дека Јасмин починала од повреди на главата.
Во 1999 година, Сузан била прогласена виновна за напад кој предизвикал смрт и добила казна затвор од 25 години.
Според обвинителите, бебето покажувало многу симптоми поврзани со физичко малтретирање, а ова било доволен доказ дека Сузан ја убила.
Низ годините, науката им помогнала на експертите подобро да ја разберат состојбата која била причина за смртта на 6-месечната Јасмин.
Имено, неколку дена претходно, Јасмин си ја повредила главата откако паднала од креветот на нејзините родители. Ова предизвикало фрактура на черепот.
За да се повреди главата на бебето е потребна минимална сила. А, бидејќи главата на Јасмин веќе била повредена, било практично невозможно да го преживее падот.
Во 2020 година, Сузан беше пуштена на слобода.
Спирова С. | Црнобело