Низ илустрации: 8 „бесценети“ совети кои не треба да им ги давате на родителите, дури и aко имате желба

„Мора да родиш второ дете за првото да има со кого да си игра“

Се чини како другите луѓе да ви го планираат животот и потомството, а тоа ужасно многу нервира.

Ваше е дали ќе имате 2 деца, или можеби 5, но за ова не треба да ви зборуваат другите.

besceneti-soveti-koi-ne-treba-da-im-gi-davate-na-roditelite-duri-i-da-sakate-epten-mnogu-niz-ilustracii-08.jpg

„Не го учи да ти седи во раце“

Повеќето луѓе ќе ве искараат ако веднаш го земете детето во раце кога ќе почне да плаче. Ваше дете, ваш избор, нели?

besceneti-soveti-koi-ne-treba-da-im-gi-davate-na-roditelite-duri-i-da-sakate-epten-mnogu-niz-ilustracii-09.jpg

„Детето мора да јаде што ќе му дадеш“

Ако некогаш сте пробале пире од брокула без сол, сигурно ви е јасно зошто детето се мурти и не сака да јаде.

Затоа, не му давајте храна што мислите дека мора да ја јаде, туку најдете здрава варијанта што му се допаѓа.

besceneti-soveti-koi-ne-treba-da-im-gi-davate-na-roditelite-duri-i-da-sakate-epten-mnogu-niz-ilustracii-02.jpg

„Подобро да му купуваш поголема облека, ќе ја носи подолго“

Децата растат брзо и ја надраснуваат облеката, па затоа е подобро сезонските парчиња да ги купувате за таа сезона, а не за две години однапред – никогаш не знаете колку ќе пораснат и дали тоа што сте им го купиле лани, иако сте го планирале и за оваа година, на крајот ќе им биде точно.

besceneti-soveti-koi-ne-treba-da-im-gi-davate-na-roditelite-duri-i-da-sakate-epten-mnogu-niz-ilustracii-05.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg