Низ илустрации: 8 „бесценети“ совети кои не треба да им ги давате на родителите, дури и aко имате желба
„Не го земај бебето в раце кога ќе заплаче“, „Спиј кога ќе заспие малото“ - колкупати сте слушнале совет кој ве изнервирал?
Сите родители барем еднаш добиле совет поврзан со грижата за своето дете или „родителските способности“ – а кој не го барале.
Овие совети, без разлика дали се од најблиските или од луѓе кои се непознати, предизвикуваат гнев и иритација.
Луѓето како да забораваат дека и тие не сакале да слушаат совети кога нивните деца биле бебиња и како реагирале кога другите им се мешале во воспитувањето на децата.
Споделуваме неколку „бесценети“ совети што родителите ги добиваат често, а кои најмногу ги нервираат.
Дали и вие сте ги слушнале некој од следниве совети?
„Спиј додека спие бебето“
Овој совет го слушнале сите мајки. Но, што ако мајката не може да заспие кога ќе го легне бебето?
Како да им објасните на луѓето околу вас дека, едноставно, не можете да заспиете само затоа што бебето ви заспало?
„Мајката мора да јаде повеќе за млекото да ѝ биде хранливо“
Иако имаат добра намера, бабите понекогаш претеруваат кога стават буквално сè во чинијата пред младата мајка, со објаснување дека мора да јаде многу за да има млеко за бебето.
„Научи го детето да дели со другите, за да не биде себично и алчно кога ќе порасне“
Возрасните ги тераат децата секогаш да ги делат играчките, но тие самите не го делат со околината тоа што го поседуваат: автомобили, облека, шминки, електронска опрема.
„Машките деца мора да им попуштаат на девојчињата“
Општеството наметнува правило дека секое машко мора да биде џентлмен, да им попушта на девојчињата и дека не смее да плаче.
Но, како растат, машките деца сами решаваат дали ќе им попуштаат на девојчињата или ќе се стават себеси на прво место.