Три подароци
Тројца синови заминале од својот дом, со цел секој да си го најде својот пат. Откако после долго време седнале заедно, почнале да дискутираат...
...за подароците што секој од нив бил во можност да и ги подари на нивната мајка.
Првиот:, „Јас за нашата мајка изградив огромна куќа.“
Вториот: „Јас и испратив Мерцедес!“
Третиот се насмевнал и рекол: „И двајцата ве победив. Се сеќавате како нашата мајка уживаше читајќи ја Библијата? Знаете и дека со годините видот и е значително ослабен и не гледа убаво. Јас и испратив исклучителен примерок на папагал кој ја рецитира целата Библија. Во црквата им требале цели 12 години да го научат да го прави тоа. Постои само еден примерок. Потребно е само да му се каже поглавјето и веднаш почнува да го рецитира!“
Не поминало долго време, а синовите добиле одговор од мајка им:
„Николче,“ му пишала мајката на првиот син, „Куќата што ми ја изгради е преголема. Живеам во само една соба, а мора да ја одржувам целата куќа чиста!“
„Миле,“ му пишала на вториот, „Јас сум престара за да патувам. Најголемиот дел од времето сум дома, па скоро и да не го користам Мерцедесот.“
„Дончо,“ му напишала на третиот син, „Ти очигледно имаш многу добра претстава што сака твојата мајка. Пилешкото што ми го испрати беше превкусно!“