Виц: Љубовници
Еден љубовен пар договорил терапија кај сексолог. Кога стигнале, мажот го запрашал сексологот дали ќе ги набљудува додека се сексаат. „Секако, тоа...
...ми е работа“ – им одговорил докторот.
Кога парот завршил со сексот, докторот им рекол дека не забележал ништо абнормално во нивниот однос, им наплатил 75 евра и се договориле за следната посета.
Доаѓале така подолго време, еднаш неделно кај сексологот и секогаш плаќале по 75 евра за терапија. По неколку недели сексологот ги запрашал, што всушност е нивниот проблем?
„Гледајте “ – му рекол мажот- „јас сум оженет, а пријателката е мажена.“
Не можеме тоа да го правиме ниту кај мене ниту кај неа дома. Во Холидеј Ин чини 95 евра, а во Хилтон 115 евра.
Ние тоа го правиме кај вас за 75 евра, а од здравственото осигурување ни враќаат 65 евра за терапија.