10 вицови за поубав ден
Ако станавте на лева нога, денот не ви оди по ќеф, време е да се опуштите и да се насмеете барем за кратко. За вас одбравме 10 вицеви кои се надеваме...
...дека ќе изнудат насмевка на вашето лице:
1. Зошто 50% од мажите после сексот не можат да заспијат? - Мораат да си одат дома.
2. Влегува мажот во спалната и вели: Брзо облекувај се куќата гори! Од плакарот се слуша машки глас: „Ве молам, спасете го мебелот, ве молам не заборавајте да го спасите мебелот!“
3. Две пријателки на кафе:
Првата: Дали му кажуваш секогаш кога ќе свршиш?
Втората: Па не, не сака да му се јавувам додека е на работа.
4. Ги фатил Трпе родителите на сред орален секс и ги прашува: Што прајте бе вие?
Мајка му му вели: Го масирам татко ти за да му се намали стомакот.
Трпе: Тоа е залудно, секој четврток доаѓа сосетката за да му го надува.
5. Што е храброст?
- Кога маж со ерекција ќе се затрча во ѕид.
6. Што е срамота?
- Кога при тоа носот прв ќе удри во ѕидот.
7. Мажот се обидува да ја наговори жената на секс, но таа го одбива со зборовите: „Утре одам на гинеколог, па не сум расположена.“ 10 минути повторно мажот повторно се обидува: „А утре на забар ќе одиш?“
8. Што е тоа: Арнолд Шварценегер има долго, Мадона го нема, а Папата никогаш не го користи? - Презиме.
9. Зошто никогаш не ми кажуваш дека си доживеала оргазам? - Затоа што никогаш не си дома.
10. Млад брачен пар веќе немал од што да живее, па жената се одлучила на проституција. После првата ноќ се вратила дома со 102 евра.
Мажот: Па не е лошо за прв пат, но која будала ти дала 2 евра?
Жената: Е па, две по две се собраа.
Бонус:
Три секретарки разговараат во ходникот.
Првата: Вчера на бирото на директорот најдов кондом.
Втората: Јас го дупнав со игла.
Третата: Ух, мислам дека не ми е добро.