Виц: Одржување на моторот
Еден 80 годишник се оженил со млада девојка. После една година ја однел во болница да роди бебе. Медицинската сестра зачудено го погледнала дедото:
„Па како ви успеа тоа во овие години?“
„Ах“, одговорил идниот татко, „Само треба добро да го одржувате моторот.“
После една година повторно се појавиле во болницата. 80 годишникот повторно ја донел младата сопруга и таа родила второ дете. Истата медицинска сестра не можела да си дојде на себе од чудење:
„Господине, па вие сте вистинско чудо. Па како е тоа можно?“ - прашала сестрата.
„Па ви велам, треба само добро да го одржувате моторот“ - одговорил старецот.
После една година, истиот пар повторно дошол во болницата, а жената родила трето дете. Истата медицинска сестра од изминатите две години доаѓа и се чуди:
„Навистина сте неверојатни, како е тоа можно??“ - повторно прашала.
„Па ви реков, треба само добро да се одржува моторот“ - одговорил старцеот.
„Господине“, одговорила медицинската сестра, „Мислам дека треба да го смените маслото во моторот, овој пат бебето излезе црно.“