Дел од најужасните машки навики од кои жените се згрозени
Од чепкање нос секогаш и секаде до пуштање на „орловски“ нокти на рацете, а особено на нозете, ајде да се пошегуваме на темата - машки хигиенски навики (секоја чест на исклучоците за кои ова не важи).
Мажите се прекрасни и без нив не би можеле да си го замислиме животот, но мора да признаеме дека голем дел од нив сепак имаат некои навики кои навистина се непријатни.
Не генерализираме, односно далеку од тоа дека сите мажи спаѓаат во овој кош, но ќе се пошегуваме за некои чести машки навики кога станува збор за хигиената и важат за дел од нив.
Дел од најужасните машки навики од кои жените се згрозени:
- Чепкање нос и правење топчиња од мрсули.
- Испуштање гасови, што погласно тоа подобро.
- Носење исти чорапи 3 дена по ред.
- Пуштен стомак кој виси и ѕирка од под маицата.
- Фрлање на нечистите чорапи до креветот.
- Фрлање на облеката на првото слободно столче.
- Пуштање на „орловски“ нокти на рацете, а особено на нозете.
- Прскање парфем врз носена облека, за да се „маскира“.
- Чешање на интимните делови.
- Легнување со облека од работа во креветот наменет за спиење.
- Нетуширање веднаш по вежбањето.
- Нередовно средување на пазувите.
- Немиење заби пред појадок.
- Менување на долна облека само при бањање.
- Неодржување на брадата, па пожолтени влакна и непријатен изглед.
Има ли уште?
С. С. | Црнобело