Бисери од германски факултет
На усмен испит на медицински факултет: Професорот: „Ако ви е знаењето големо колку и градите, не мора воопшто ни да почнуваме со испитот!“
Се пожалил еден професор:
„Зошто студентите постојано доцнат на предавања? Па не правите прселба на народите за да дојдете на факултет.“
Во тој момент влегува еден азиец.
„Вам ви е оправдано, вашиот пат навистина бил долг.“
-
Професор на медицински факултет држи наводно предавање:
„Започнуваме со основите на обдукцијата. При тоа, две работи се од клучна важност... Прво: морате да ја победите гадливоста. Внимавајте сега!“
Професорот бутнал прст во задникот на мртовецот на масата, го извадил и го излижал.
„Ајде сега вие.“
Бледи и едвај воздржувајќи се од повраќање, студентите еден по еден го повториле потегот на професорот. Откако се изредиле сите, продолжил професорот:
„Втората клучна работа е концентрирано и внимателно да ги следите предавањата.
Јас го пикнав показалецот во аналниот отвор, а го излижав средниот прст. Така што, внимавајте на деталите...“
-
Професор на трудница на усмен испит:
„Почнавте гледам двајца да доаѓате на испит, а пак појма немате ...“
-
Седел некој професор во мензата и јадел. Дошол студент и седнал на истата маса без ништо да проговори.
Лут професорот од таквата непристојност, му свикал на студентот: „Од кога орлите и свињите седат на иста маса?“
Студентот ги кренал рамениците и му одговорил: „Ок, тогаш, одлетав јас понатаму...“