Креативни лични огласи

kreativni-licni-oglasi-povekjeПотрагата по голема љубов (своја или туѓа) ја будат мечтата. Најдобар доказ е книгата „Радиолог бара жена со внатрешна убавина“ објавена од германската...


...писателка Doris Preibler.

Еве некои извадоци од делот смешни огласи за запознавање:

kreativni-licni-oglasi

  • Волк самотник бара радознала Црвенкапа.
  • Велигденски зајак (54), бара зајчица (до 45) за барање на јајца и нешто повеќе.
  • Атрактивна жена (41) бара маж без брада и акцент, чија желба за деца е веќе задоволена.
  • Волк самотник 31г, бара радознала црвенкапа до 34г за взаемни страсти.
  • Барам филозоф за појадок, гурман за ручек, Робин Худ за прошетка, Колумбо за секој ден и крал за во кревет. Каде си? Јави се ако си повисок од 1,80 и имаш 50-60 години.
  • Ја чекам жената од соништата. Ве молам да се јават само згодните.
  • Убав маж (40г, 1,80m) одлично граден, возбудлив, подобар од досада во карирана кошула и сиво одело, бара елегантна дама, може и постара. Повеќе на самото запознавање.
  • Правам скара во алуминиумска фолија, го поздравувам шефот, буткам количка во продавница, телефонирам од фиксна линија, менувам купаќи гаќи по пливање, бројам кованици, имам 43 години, 1,80m и сакам култура и спорт.
  • Барам великодушен милионер кој сака за него да се грижи атрактивна турчинка, некогаш деловна жена, 30г, 173cm, нежна.
  • Слаб, 48 годишник, подготвен е за жената да направи сè, освен да оди на работа. Напомена: Не барам мажи или парови, само жени. За топол оброк. Заинтересирана?
  • Подарувам невин маж, уникат, никогаш не користен, 33г, не е лесен за користење, но лојален е, не е атлетски граден. Заинтересиран е за заеднички спортски активности. Години, изглед, потекло - не се важни.
  • Доминантна дама, 43г, бара маж кој знае што сака. Предност им дава на мажите за живот, а не на сезонците и прељубниците.
  • Како горе, така долу. Како внатре, така од надвор. Како јас, така и ти. Жена (48) 174cm.
  • Жена со 20.000 плави влакна и исто толку илузии бара маж за засновање на семејство. Разни способности и лудости, вклучени.

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...
Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg