Виц: Познај ме по опашот
Отишол студент на полагање испит, меѓутоа професорот имал едно чудно прашање, а тоа било како што влегувале студентите во неговиот кабинет...
...да препознаат од кој вид е птицата која ја држи во рацете, но гледајќи го само опашот!
И така сите, студент по студент, влегувале и погодувале за каква птица се работи, но никој не можел да погоди – се додека не влегол едно итро момче:
Професорот: „Колега ако погодите за каква птица се работи по нејзиниот опаш, одберете си која оценка сакате да ви ја впишам во индексот.“
Студентот размислувал неколку минути, станал и се упатил кон вратата да си оди.
Професорот задоволен: „Колега, ќе ве молам името, презимето и бројот на индексот за да запишам дека го паднавте испитот.“
Студентот на ова му одговорил: „Познај ме по опашката!“