Српски професор стана вирален хит: „Морав да прекинам – жена ми лази во позадина“
Во последната година откако предавањата се префрлија пред компјутер се нагледавме разни згоди и незгоди како од страна на учениците и студентите, така и од родителите и професорите. Овој професор од Србија стана вирален хит откако мораше да го прекине предавањето поради невообичаена причина.
Професорот на Медицинскиот факултет во Белград Иван Борчиќ стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако еден од неговите студенти објави снимка од еден од неговите онлајн часови, пишува Блиц.
Неговата сопруга морала да помине низ просторијата каде тој го држел предавањето, но начинот на кој што го сторила тоа, буквално го збуни и нејзиниот сопруг.
„Морав да прекинам, жена ми лази за да излезе од собата. Она црвено што го гледате тоа е жена ми“ - рече професорот.
Б. С. Б. | Црнобело