Вирален Твитер предизвик: „Како изгледа мојата страна од креветот vs. на моето момче“
Твитерџика забележала дека нејзината страна од креветот се разликува многу од онаа на нејзиното момче, па објавила фото-споредба на Твитер - по неа проолжиле и други твитерџики кои се пронашле во нејзиниот пример.
На едната фотографија се гледа бела ноќна масичка украсена со цвеќе, свеќа и рамка за слика, а на другата – празен простор покрај креветот каде што има само полнач, палка за бејзбол и шише вода.
Во објавата девојката нагласува дека лево е нејзината страна од креветот, а десно онаа на момчето.
Твитерџиите веднаш почнале да коментираат дека исто е и во нивните домови – страната на девојката секогаш е убаво средена, додека онаа на момчето е или расфрлана, или целосно празна.
my side of the bed vs my bfs side of the bed pic.twitter.com/dopdoVuPw0
— deep fried mom brain (@hannystyles69) January 31, 2021
За само три дена, на објавата на девојката одговориле над 10.000 твитерџии, од кои повеќето ги споделиле и нивните смешни фото-споредби.
Кога нејзината објава станала вирална, девојката се огласила уште еднаш, нагласувајќи дека иако нејзиното момче не е најпедантната личност, тој е прекрасен партнер кој многу се грижи за неа, а фотките од спалната се само за шега.
Во продолжение погледнете дел од најсмешните споредби споделени на Твитер:
Дали и во вашата спална соба се случува истото?
Спирова С. | Црнобело