Хумористични споредби за љубовта
Љубовта со сигурност е едно од најубавите чувства на светот. Тешко може да се спореди со што било друго, но некои луѓе се обиделе да го направат тоа. Иако резултатот е прилично комичен, веруваме дека ќе ви го разведри денот:
Љубовта е како шах, доколку не си ја пазиш кралицата, ќе ти ја земе некој коњ.
Љубовта е како цвет, се раѓа, расте, а потоа доаѓа некоја крава и сè е готово.
Љубовта е како болка во грбот, не се гледа на рендгенска снимка, но знаеш дека е тука.
Љубовта е како песочен часовник, срцето се полни, мозокот се празни.
Љубовта е како оган, може да ти го згрее срцето, а може и да ти ја запали куќата.
Љубовта е како војна: ја почнуваш кога сакаш, а ја напушташ битката кога си изнемоштен.
Љубовта е како фудбалска топка – сите се трудат да ја стигнат, а кога ќе дојдат до неа ја шутираат.
Љубовта е како Wi-Fi. Не ја гледаш, но чувствуваш кога се губи конекцијата.
Љубовта е како кога ќе пуштиш гас под ќебето, прво е убаво и топло, а потоа сфаќаш дека нешто тука смрди.
Љубовта е како ред чоколада, првото обично не е и последно.
Љубовта е како сипаници, колку подоцна ќе се појават, толку полошо е.
Љубовта е како возење автомобил, тргнуваш полека, нагло ја зголемуваш брзината, возиш пребрзо, а закочуваш кога е веќе предоцна.
Љубовта е како сладолед, прво ти годи и те освежува, потоа се топи и се лепи, а на крајот останува само дамка која треба добро да ја испереш со помош на алкохол.
Љубовта е како казино, губиш, а сепак ти е фино.
Љубовта е како математика! Немој да се зачудиш ако го видиш со две непознати.
(О)Милена | Црнобело