Виц: Вдовица бара маж
Една богата вдовиц се решила дека и е потребен уште еден маж во животот, па објавила оглас во весник:„ Богата вдовица бара маж со кој ќе го...
...сподели остатокот од животот и своето богатство.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
1. Да не ме помисли да ме тепа
2. Да не избега од мене после некое време
3. Да биде одличен во кревет
Неколку месеци телефонот и ѕвончето не престанувале да ѕвонат, но никако не се појавувал некој кој ги задоволувал сите 3 критериуми.
Пред речиси целосно да се откаже од потрагата се појавил нов кандидат на вратата.
Отвора и здогледува маж без раце и нозе како лежи на чергичето.
"Кој си ти? Што правиш тука?"
"Здраво, јас сум мажот на твоите соништа. Немам раце па не можам да те тепам, и немам нозе па не можам да избегам од тебе."
На тоа, вдовицата му одговорила: "А зошто мислиш дека си добар во кревет?"
"Па, што мислиш, како заѕвонев?!" одговорил човекот.