Виц на денот: Пензија
Човек наполнил точно години за старосна пензија, па отишол во социјално да си побара пензија. Кога дошол на ред и кажал на службеничката на...
...шалтерот зошто е дојден и таа му побарала некој документ со кој ќе потврди колку години има.
Се пипка човекот по џебовите и не нашол ниту еден документ па и кажува на госпоѓата дека го заборавил паричникот дома и дека ќе оди да ги земе. Бидејќи било крај на работното време, службеничката му рекла дека нема време да го чека, па затоа да ја соблече кошулата.
Ја соблекол кошулата човекот, и кога службеничката ги видела белите влакна на градите веднаш му ја одобрила пензијата.
Човекот среќен си дошол дома и и’ раскажал на жена си како ја добил пензијата, а жената му рекла:
„Оф море, ако си ги соблекол гаќите може ќе си добиел и инвалидски додаток!“