Хумор: Кој со што се пофалил?
Четири католички свештеници и една калуѓерка пијат кафе во кафуле на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Првиот свештеник се фали: - Син ми е свештеник. Кога и...
...да влезе некаде сите го викаат „Оче“!
Вториот свештеник му одговара:
- Син ми е бискуп и он кај и да влезе сите го нарекуваат „Ваша Милост“!
Третиот свештеник на тоа додава:
- Син ми е кардинал, и кога он ќе се појави некаде сите му се обраќаат со „Ваша Еминенцијо“!
Четвртиот само ги слушал па гордо им одговорил:
- Син ми е Папа, кога он ќе влезе некаде, сите се клањаат и му се обраќаат со „Ваша Светост“!
Калуѓерката цело време молчела и си пиела кафе, па сите се свртеле накај неа и ја прашале:
- А, вие...?
На ова таа гордо одговорила:
Јас имам ќерка....
- згодна
- висока 175cm
- обем на гради 96cm
- обем на струк 60cm
- обем на колкови 90cm
...е, кога она ќе влезе некаде, сите и се обраќаат со „О, МОЈ БОЖЕ!“