Една ноќ со Перо
Тргнале група луѓе во лов. Резервирале двокреветни соби, но никој не сакал да ја дели собата со Перо, кој ужасно гласно ‘рчел. Се одлучиле дека не е фер...
...само еден да биде цело време со него и дека ќе се менуваат секоја вечер.
После првата ноќ со Перо, еден од групата станал утрината цел бушав и со огромни подочници.
Останатите загрижено го прашале:
- Човече што ти се случило?
- Ма, остајте ме. Перо толку многу ‘рчеше што цела ноќ само седев во кревет и го гледав.
Следната ноќ му дошол ред на друг. Утрото исто – изгледал страшно бледо и одвај стоел на нозе. Кога го прашале како поминал, одговорил:
- Беше неподносливо. Перо стружи како моторна пила. Цела ноќ само седев и го гледав.
Слично поминале и останатите. Тогаш му дошол редот на Мујо. Утрината Мујо се појавил одморен, наспан, свеж и одлично расположен. Не им се верувало на другиве што гледаат.
Кога го прашале како можел да остане одморен после ноќ со Перо, тој им рекол:
- Епа, се спремавме за спиење. Му пријдов на Перо, го гушнав, го плеснав по газето и со нежна насмевка го бакнав за добра ноќ. После ова тој цела ноќ само седеше и ме гледаше.