„Да не си паднала во шеќер како мала, многу си слатка“ – неинтелигентни фрази со кои се „пуштаат“ мажите на денешницата

Веројатно не постои човек кој не сака комплимент и пофалба. Но, кога звучат смешно и се граничат со бизарност, не знаеме како да реагираме.

da-ne-si-padnala-vo-sheker-kako-mala-mnogu-si-slatka-neinventivni-frazi-so-koi-se-pustaat-mazite-na-denesnicata-001.jpg

Можеби ќе помислите дека следниве фрази се плод на фантазија, но бидете сигурно дека многу пати биле употребени во процесот на додворување или народски кажано „пуштање“.

Откако ќе ги прочитате и добро ќе се изнасмеете, последниот совет би бил – Немојте, значи немојте да ги употребувате никогаш. За сечие добро.

1. „Ќе сакаш ли да ме фатиш за рака, за да им кажам на другарите дека ме допрел ангел?“

2. „Дали си религиозна? Бидејќи си одговор на сите мои молитви“.

3. „Девојко, да не паднала во шеќер како мала? Многу си слатка“

4. „Имаш очи посини од Јадранското Море, можам да се удавам во нив“.

5. „Татко ти да не е терорист? Затоа што девојче, ти си БОМБА!“

6. „Те болеше ли кога падна од рајот?“

7. „Да не те викаат Google? Затоа што имаш сè што барам“.

8. „Премногу жешко е тука или до тебе е?“

9. „Нели си уморна? Цела ноќ ми шеташ низ мисливе“.

10. „Имаш име или може да те викам МОЈА?“

11. „Барам богатство, може да ти ги ѕирнам градите?“

12. „Ми се јавија од небото им фалел еден ангел… кажи ми каде да те скријам за да не те најдат?“

13. „Извини, се знаеме? – Не. Епа ајде да се запознаеме подобро“.

14. „Да си ми девојка нема да те пуштам никаде“.

15. „Како може ваква убава девојка да биде сама…?“

16. „Топ си, само јас ти фалам во животот“.

17. „Ако те нервирам сврти 192, ако те палам сврти 193, ако ти недостигам сврти го мојот број“.

18. „Девојко, си заборави нешто. Мене“.

19. „Може да ми дадеш твоја слика? Сакам да му покажам на Дедо Мраз што сакам“.

20. „Извини, колку е саат? Мислам дека е време да се запознаеме“.

21. „На ваква убавица како тебе одлично би ѝ прилегал ѕвер како мене“.

22. „Осети земјотрес? Затоа што каде и да одиш ја тресеш земјата со својата убавина“.

23. „За тебе ако треба и Том и Џери ќе ги смирам“.

24. „Девојко, имаш мапа? Се загубив низ твоето лице“.

25. „Штета што Македонија не е кралство, затоа што ти би била кралица“.

(О)Милена | Црнобело

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
12 фото-докази дека некои луѓе не треба да влегуваат во кујна Некој заборавил дека вари јајца, а некој заспал со вклучена рерна – некои луѓе д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg