10 суптилни навреди кои ќе направат да звучите интелигентно
Во моментите кога сè што сакате да направите е да опцуете некого, прегризете го јазикот. Има многу поинтелигентни и елегантни алтернативи.
Не сакаме да ве охрабруваме да навредите никого, но доколку веќе морате, подобро искористете опција која ќе ве направи да изгледате интелигентни, а ако имате работа со соговорник под ваше ниво - и онака нема да ја разбере навредата.
„Среќен/на сум за луѓето кои никогаш не те запознале“
„Не си доволно убав/а за да бидеш волку глупав/а“
„Би сакал/а да те навредам, но се плашам дека нема да успеам толку добро како што тоа го направила природата со тебе“
„Немам ниту време, ниту доволно боички за да ти објаснам што мислам“
„Константно си поставуваш ниски очекувања и не успеваш да ги достигнеш ниту нив“
„Едноставно престани да бидеш каков/каква што си, ќе биде од голема помош“
„Само се надевам дека животот ќе ти биде исполнет со луѓе каков/каква што си ти“
„Ако сакав да се убијам, ќе се качев на твоето его и ќе скокнев кон твоето IQ“
„Одбивам да влезам во битка со нееднакво вооружен противник“
„Кој и да ти кажал да бидеш каков што си, ти го дал најлошиот можен совет“
М. Д. | Црнобело