7 работи кои ќе ги разберат само жените со „спуштен“ стомак
Кога „вртиме“ слики низ Инстаграм, насекаде има само стегнати и рамни стомаци кои се сечија цел. Но, телото доаѓа во сите форми и големини, а не секој е роден за да има стомачни мускули.
Без разлика дали е генетика, личен избор или премногу колачи, некои жени едноставно имаат мек и „спуштен“ стомак и тука нема ништо лошо.
Не треба да се срамите од тоа и треба да си го сакате своето тело.
Погледнете ги овие неколку реални ситуации со кои се соочуваат сите жени со ваков стомак, во кои сигурно ќе се пронајдете:
Вашата „врска“ со фармерките е комплицирана...
Обожавате фармерки, но никогаш не може да знаете кој модел одговара најдобро. Дали да земете со низок струк и да оставите стомачето да виси или пак, висок струк со кој ќе изгледате подуено?
Кога ќе седнете, се појавуваат „фалтите“
Никој нема рамен стомак кога ќе седне, но на вас буквално ви се прават по неколку фалтички, а кога ќе се исправите – повторно нормален стомак.
Сите мислат дека сакате да ослабете
Вие уживате во животот и во вашето тело, а некој постојано ви досадува со некои нови диети, охрабрувајќи ве да почнете да слабеете. Луѓето едноставно не може да сфатат дека ова стомаче е дел од вас и вие сте помирени со тоа.
Дури ни тесните парчиња не можат да ве спасат
Мидерот и корсетите би требало да ви помогнат да го „контролирате стомачето“, но единствените луѓе кои се чувствуваат удобно во нив се луѓето кои немаат стомак за собирање!
Спонтаните фотки ви се ноќна мора
Го сакате вашието стомаче, бидејќи е дел од вас. Но, на овие девојки сепак им треба некоја минута да го соберат стомакот пред да се сликаат и тоа треба на сите да им биде јасно.
Понекогаш му се восхитувате на стомакот
Некогаш едноставно стоите пред огледало, го пуштате стомакот колку што можете и го галите како да сте во 5-ти месец бременост или пак тропате на него како на тапан. Го вовлекувате навнатре и повторно го пуштате. Можеби немате стомачни мускули, но можете да си најдете занимација.
И не се срамите да го покажете тоа
Не изгледате како модел, но сепак го носите тоа што сакате, јадете што сакате, уживате во бикини и го живеете животот како што сакате. Никој нема време за губење посакувајќи друго тело и искрено, совршени сте какви што сте.
М. М. | Црнобело