Приказна во која ќе се пронајдете: Како изгледа поправка на лавабо?

Веројатно сите кои се во брак некогаш се нашле во ситуација кога сами треба да направат некоја преправка и секако кој како наредува, што прави, а што не прави...

prikazna-vo-koja-kje-se-pronajdete-kako-izgleda-popravka-na-lavabo-01.jpg

Во оваа приказна, веројатно поголемиот дел ќе се пронајдат:

Сопругата: „Љубов, те молам поправи ја чешмата во тоалетот, тече од сите страни!“

(Тој доаѓа и застанува покрај чешмата)

Сопругот: „Дај ми ја клештата“

(Жената излегува од тоалетот по алатот)

Сопругата: „Дали е ова?“

Сопругот: „Не бре, тоа се папагалките!“

Сопругата: „Ова?“

Сопругот: „Ај, може и тоа. Дај ми ги цигарите.“

Сопругата: „Одма.“

Сопругот: „По пат, изгаси го осигурувачот, не сакам да има струја во тоалетот додека работам.“

(Жената зема столица и се качува да го изгаси осигурувачот)

Сопругот: „Да не знаеш каде е конопот?“

(Жената повторно кон алатот)

Сопругата: „Дали е ова доволно?“

Сопругот: „Ајде, да се надеваме, најди ми гумички.“

Сопругата: „Какви гумички:“

Сопругот: „Аман бре, сè ли морам сам. Оние со дупка на средина.“

Сопругата: „Аха, ок. Одма.“

(По алатот и повторно се враќа во тоалетот)

Сопругата: „Овие?“

Сопругот: „Ајде, може ќе фатат.“

Водата почнува да прска на сите страни.

Сопругот: „Па ти не си нормалана, исклучи го вентилот за вода!“

Сопругата: „Каде е?“

Сопругот: „Во подрумот, нормално.“

Сопругата: „А, со што да го исклучам?“

Сопругот: „Со клешти нормално, како и останатиот нормален свет.“

(Таа трча три ката надолу и се враќа задишана)

Сопругата: „Сега во ред е?“

Сопругот: „Да се надеваме. Готово. Ова и дете може да го поправи.“

Жената влегува во тоалетот да ја собере целата вода, ги брише дамките од мастило на плочките, ја брише пепелта од машината за перење на облека и тажно го гледа изгорениот дел од цигарата која стоела така.

Сопругот: „Мораме да купиме ново лавабо, ми падна клештата и пукна.“

Сопругата: „Во ред, љубов.“

Сопругот: „Еј, ај биди добра и направи ми кафе, „цркнав“... и не заборавај да го одвртиш вентилот во подрум...“

Н. Г | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
6 типови на работници во македонските компании (шеговито и за забава) Амали, џетсетери, непостоечки.... Кој тип на работник ви е најнеомилен, а кој ти...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg