Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Суровата реалност

surovata-realnost-povekjeKога ќе ве стигнат 40-те години, па ќе почнете да размислувате за се што сте направиле и што сте пропуштиле во животот, често ви паѓа жал затоа што...

 

...во младите години не сте имале големи познавања и искуство кое сега го поседувате.

Така настанува и продолжува да се развива опасна болест која се нарекува „педесеттитис“. За да се соочиме со оваа пандемија, потребно е да ги знаеме нејзините последици.

Настанување на болеста:

surovata-realnost

Кога имав 14 години, се надевав дека еден ден ќе имам девојка.

На 16 години имав девојка, но таа не ме сакаше многу, па заклучив дека ми треба страствена девојка, полна со живот.

На факултет се забавував со страствена девојка, но таа беше премногу емотивна. Се беше драматично, а таа беше Кралица на драмата. Цело време плачеше и се закануваше со самоубиство.

На 25 години најдов многу стабилна девојка, но таа беше досадна. Беше потполно предвидлива и никогаш за ништо не се возбудуваше. Животот ми стана толку досаден, што заклучив дека ми треба малку повозбудлива девојка.

На 28 години најдов возбудлива девојка, но не можев да бидам во чекор со неа. Брзаше од една до друга работа, не задржувајќи се никаде. Правеше луди и изненадувачки работи и ме правеше исто толку беден, колку и среќен. Во почетокот беше забавна и многу енергична, но немаше никаква насока. И така, одлучив да најдам девојка која знае што сака.

Кога наполнив 31 година, најдов паметна и амбициозна девојка, која цврсто стоеше на земја и со неа се оженив. Таа беше толку амбициозна што набрзо се разведе од мене и ми зеде се што имав.

Сега сум постар, поискусен и помудар. И точно знам што сакам. Барам само плавуши со големи гради...

Би можело да ве интересира:

Мемиња инспирирани од славните личности што ќе ве насмеат Многумина смеаат дека сите филмови на Двејн Џонсон се исти и тој глуми само еден...
Луѓе споделуваат смешни (и ужасни) ситуации кои ги искусиле на прв работен ден Ако мислите дека сте единствени што имале лош прв работен ден, тогаш примерите о...
„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Фото докази дека не е лесно да си градинар Минијатурна пченка, лимон помал од монета – навистина не е лесно да се одгледа н...
Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги...
Забавни мемиња во кои ќе се пронајдат сите интроверти Дали кога некој ќе ви рече да кажете нешто повеќе за себе, особено пред други лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg