Вистинското значење на зборовите и фразите кои ги користиме секојдневно
Вистинското значење на некои зборови се заборава. Голем број на зборови ги користите секојдневно, но не знаете баш што точно значат или сте заборавиле што точно значат.
Ова се 19 зборови и фрази кои имаат поинаква смисла и значење од она што сте сакале да го кажете со нив.
1. Синоним – Збор кој го употребувате тогаш кога не ви текнува на зборот кој првобитно сте сакале да го кажете или напишете.
2. Учење – Допишување, спиење или оброк покрај отворена книга.
3. Миленик – Единствениот член во семејството со кој најбрзо се смирувате после карање.
4. Калории – Мали животни кои живеат во градероберот и секоја ноќ ви ја затегнуваат облеката.
5. Стапало – Средство за пронаоѓање изгубени Лего коцки.
6. Банкрот – Кога имате премногу месеци на крајот од вашите пари.
7. Групен проект – Чесен начин да гледате како една личност ја завршува целата работа.
8. Фразата „разбирам“ – Изјава која се користи кога немате никаква идеја за тоа што другата личност зборува.
9. Среќа – Кога ќе седнете на место во креветот кое предходно било загреано од вашиот лаптоп.
10. Кафе лате – На италијански значи дека премногу сте платиле за тоа кафе.
11. Иронија – Кога пишувате чувајте ги дрвјата на парче хартија.
12. Мрзеливост – Натприродна сила да однесете се наеднаш наместо да се враќате двапати.
13. Фраза „гледање филм“ – Секс.
14. Самец – Човек кој кажува вицеви за жени во кујна.
15. Годишнина од матурата – Настан на кој за 20 секунди се присетувате зошто 20 години не сте зборувале со тие луѓе.
16. Учител – Личност која ви помага да ги решите проблемите кои да не би биле самите наставници воопшто и не би постоеле.
17. Таг – Начин да им кажете на пријателите и семејството колку сте пиеле таа вечер.
18. Паметен телефон – Средство кое го користите за да ја намалите непријатноста кога сте сами во јавност.
19. Чување на деца – Добивање пари за гледање на телевизија додека некој спие.