Дневна доза хумор: Студентски маки
Ако некој ви каже дека студентскиот живот е фантастичен, само насмевнете му се и споделете некој ваков виц... Без многу објаснување.
Доаѓа богат студент на испит на факултет и професорот му поставува прашање:
- Каде е фрлена првата атомска бомба? Овој нема појма и му подава 500 евра... и нормално положува.
Утредента доаѓа сиромашен студент на истиот испит.
- Каде е фрлена првата атомска бомба?
- Хирошима и Нагасаки.
- Кога?
- 1945
- Колку луѓе загинале?
- 3 милиони!
- Имиња колега, дајте ми имиња...
Студент ветеринар оди на испит. Професорот му покажува половина покриен кафез, во кој се гледаат само нозе на некоја птица.
Професорот прашува: Која е оваа птица?
Студентот: Не знам!
Професорот: Вашето име?
Студентот ги подига панталоните до коленици и вели: Погодете!
- Знаете ли вие колега, што е воопшто колоквиум?
- Да професоре. Тоа е кога двајца разумни луѓе разговараат.
- Точно. А, што ако едниот од нив е будала... Што тогаш?
- Тогаш овој вториов паѓа на испитот...