Топла насмевка за студени денови
Додека надвор е студено и со ниски температури, она што сигурно ќе ве стопли е слатка смеа. Без разлика дали сте дома или на работното место, дозволете си затоплување со позитивно смеење кое ќе ви го направи поубав денот.
Пуст остров
Си биле инженер, хемичар и економист се заглавени на пуст остров. Почнуваат да смислуваат план како да се спасат.
Инженерот: Може да исечеме гранки, да направиме сплав и некако да испловиме.
Хемичарот: Со добри материјали може да направиме голем оган и да сигнализираме на некој авион.
Економистот: Да речеме дека имаме брод...
Камени Мост
Трпе од Струга првпат доаѓа во Скопје. Целиот збунет прашува еден полицаец:
- Бате, кај е Камени мост?
Полицаецот: Аман бе, секоја будала тоа го знае!
- Па затоа и те прашувам!
Базен
Си биле Aмериканец, Mакедонец и Русин. Биле на базен каде што кога ќе речат нешто, водата се претвора во тoа!
Македонецот пред да скокне рекол: „Жени“ и базенот се наполнил со жени!
Русинот рекол: „Водка“ и се наполнило со Водка!
Американецот пред да скокне во базенот се лизнал и рекол: „Oh Shit“!
Мотор
Се возеле механичар, електричар и
програмер.
Одеднаш, автомобилот се расипал.
Механичарот вели:
- Сигурно рикнал блок од моторот.
Електричарот вели:
- Ма гарант акумулаторот откажал.
Програмерот вели:
- А да пробаме да излеземе и да влеземе пак,
може ќе проработи?
Театар
Трпе и Трпана разговараат:
- Драга, знам дека не ти се оди во театар со стар фустан.
- Баш убаво што се сети на тоа, драги.
- Да, затоа зедов само една карта.
Такси
Влегува пијаница во такси и вика:
- Вози на железничка станица.
- Па, веќе сме на железничка станица.
- Еве ти пари и другпат немој толку брзо да возиш.
Пилот
Се запалил авионот за време на летот . Во целата таа мешаница, пилотот
со падобран на грбот поминува покрај патниците, застанува на вратата и
вели:
- Драги патници, како што гледате нашиот авион гори. Но, не кревајте паника, еве јас отидов по пожарникари.
Русокоса
Дечко ѝ вели на русокоса:
-Морам нешто да ти признаам. Оженет сум и имам 3 деца.
Русокосата:
-Уф, добро е, јас мислев БМВ-то не е твое.
Педер
Доаѓа детето дома и му се жали ан таткото:
- Тато тато, школски другар ме зафркаваше дека сум бил педер.
- И, му удри ли еден бокс?!
- Не.
- Зошто?
- Беше сладок.
Шампон
Се тушираат две русокоси и едната ја замолува другата:
- Подај ми го оној шампон!
- Па имаш шампон покрај себе.
- Да, но на овој пишува дека е за сува коса, а јас веќе ја намокрив мојата!