Колку вреди куче што зборува

Поминува човек покрај една куќа, а на неа табла: ПРОДАВАМ КУЧЕ ШТО ЗБОРУВА. Влегува, а сопственикот го носи во дворот зад куќата и му го покажува кучето.

kolku-vredi-kuce-sto-zboruva

Купувачот, онака срамежливо, за да не излезе глупав, го прашува кучето:

- Дали навистина знаеш да зборуваш?

- Да – рекло кучето.

 - Па како е можно, од каде ти овде? – се изненадил купувачот.

- Па открив дека можам да го зборувам јазикот на луѓето уште кога бев мало кученце и веднаш ме врбуваа да работам за безбедносните агенции, работев како шпион по сите земји, бев најдобар шпион, бидејќи никој никогаш не се посомнева дека едно куче разбира што се зборува во собата. Одликуван сум со повеќе медали.

- И?

-Потоа се ми досади, се оженив, па добив неколку кученца, ја изгубив работата и сега поради кризата завршив овде.

Купувачот го запрашал газдата:

- И колку чини ова куче?

- 10 евра.

- Само 10 евра? Па кучево зборува, бивш полицаец, шпион, одликувано е со медали, како, зошто?

- Ма лаже, џукела...

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg